Скопскиот фудбалски прволигаш Шкупи, до крајот на летниот преоден рок можно е дополнително да се засили со уште неколкумина играчи.

Неофицијално, Марјан Радески е пред потпис со тимот на Седлоски, откако репрезентативецот на Македонија, кој беше дел од делегацијата на ЕУРО, не го продолжи договорот со Академија Пандев.

Можно е со Шкупи договор да потпише и Марјан Алтипармаковски кој исто така е без договор, откако ја напушти Стурга Трим Лум.

Шкипи утре го очекува првиот натпревар од двомечот со Санта Клара во второто коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.