Екипата на Шкупи од 15-30 часот во Ереван се среќава со Пјуник, прв квалификациски меч во Европа лигата за тимот од Чаир.

Шкупи посакува добар резултат на оваа средба од  која  тренерот Умит Каран очекува професионално однесување на своите играчи.

„ Мојот тим е силен, има срце и талент, но најважно е дека се чувствуваме како семејство. Знам дека Пјуник е добар тим и е фаворит на овојнатпревар, но фудбалот се игра на терен“ – изјави Каран.

Муарем Бајрами очекува тежок меч, сигурно е дека Шкупи ќе одигра на најдобро можно ниво и се надева на добар резултат.

„Во последните осум дена го анализиравме противникот и вообичаено ги дознавме неговите силни и слаби страни и тоа ќе се обидеме да го искористиме за да победиме. Со нетрпение очекуваме да овој дуел“ – изјави Бајрами.