Сабит Билали ќе го носи дресот на Шкупи најмалку до 2021 година откако денеска стави потпис на нов договор со клубот од Чаир.

Креативецот пристигна во Шкупи во летниот преоден рок па откако се наметна во почетниот состав и се докажа во очите на управата и навивачите доби продолжување на моменталниот договор кој му истекуваше следното лето.

„Билали е еден од главните играчи во нашиот среден ред и зањедно со Бесар Исени се талентирани играчи кои во комбинација ни даваат самодоверба за во иднина.“ – соопштија од ФК Шкупи.