Македонскиот прволигаш Шкупи, ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во домашното фудбалско првенство.

Со нов тренер во името на Хасан Озер и со неколку измени во составот по заминувањата на Дембо Дарбое, Глишиќ и Јусуфи, и засилени со Трпановски, фудбалерите од Скоппски чаир го одржија првиот тренинг во оваа календарска година.

Подготовките ќе ги продолжат во Анталнија по што се враќаат во Скопје. Шкупи во првиот дел од сезоната во ПМФЛ покажа сериозен капацитет и желба за шампионска титула.