Сабит Билали е нов играч на Шкупи, клубот од Чаир  официјално го потврди ова засилување пред мечот со Зрињски во Европа лигата.

Билали е млад играч, има 21 година, минатата сезона настапуваше за екипата на Македонија Ѓ.П. сега се пресели во прволигашот Шкупи.

„Среќен сум што сум дел од Шкупи, ова е клуб со голема традиција, се надевам на добри резултати во Европа лигата  и домашното првенство„- изјави Билали.

ФОТО: ФК Шкупи