Ливерпул може да остане без титулата во Премиер лигата, поради епидемијата на коронавирусот.

Ова го тврди The Telegraph, кој се повикува на свои извори во британската влада. Имено, ако епидемијата на опасниот вирус земе замав, тогаш многу очекуван потег на владата ќе биде издавање на наредба за двомесечно одложување на сите спортски натпревари и настани во Велика Британија, а тоа пак ќе значи дека многу од натпреварите никогаш нема ни да се одиграат.

Во таков случај Премиер лигата ќе мора да реши дали првенството ќе може да се смета како регуларно и дали досегашните резултати ќе бидат прифатени или поништени.

Премиер лигата во тој случај ќе мора да реши и кои екипи ќе настапат во европските натпреварувања, како и кои екипи ќе ја напуштат лигата.

Веќе е јасно дека што и да реши Премиер лигата ќе биде оспорувано и ќе биде дел од долготрајни судски парници.

Инаку, Ливерпул во моментов е на само 4 победи од и теоретското освојување на титулата.