Страшна вест е тема број еден во спортска Франција денеска откако фудбалскиот клуб, Фуриани Аљани потврди дека на 24 години починал Џордан Диакес.

Станува збор за поранешен челн на младинската академија на ПСЖ и фудбалер кој своевремено беше најавиван како голем талент.

Откако не успеа да се пробие во првиот тим на ПСЖ тој беше испратен на позајмица во Швајцарија а потоа и во Хрватска. Беше дел од младинските селекции на Франција за играчи до 20 и до 21 година.