Радоста на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кратко траеше откако на денешниот тренинг повреди заработија Пол Погба и Бруно Фернандеш. и првите две ѕвезди на клубот се под знак прашалник за мечот против Борнмут.

Главен виновник за повредата е Пол Погба кој бил невнимателен и по еден остар старт над Фернандеш и двајцата фудбалери се пожалиле на повреда.

Ова доаѓа, откако „црвените ѓаволи“ конечно почнаа да играат онака како што можат и се во одлична серија на победи.