Интер, е пред потпис со напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, додека Баерн Минхен го пропушти крајниот рок да го купи Иван Перишиќ за 20 милиони евра.

Интер, според „Кориере дела сера“ го доби Челси во борбата за потписот на Белгиецот и му понудија двегодишен договор во кои ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Мертенс треба во Милано да стигне бесплатно, ако се знае дека договорот му истекува во јуни, а овој трансфер отвора можност Лаутаро Мартинез на лето да премине во редовите на Барселона.

Од друга страна, Интер нема да може да заработи пари на Перишиќ, бидејќи Баерн го пропуштил крајниот рок да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.