Поранешниот репрезентативец на Србија, Миљан Мрдаковиќ ја потресе Србија, откако посегна по својот живот.

Екс играчот на Партизан во својот стан во Белград си го одзел животот со огнено оружје, а во тој момент бил заедно со неговата девојка. Таа побегнала од станот и веднаш повикала полиција и брза помош, по што беше најдено мртвото тело на Мрдаковиќ. Мотивите за самоубиството се уште треба да се расчистат.