Напаѓачот и најдобар играч на Баерн, Роберт Левандовски, се повреди на средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи.

Кај 31-годишниот полски репрезентативец е констатирана мала фрактура во зглобот на левото колено. Десетина дена тој ќе мине во гипс, а потоа ќе го почне процесот на рехабилитација. Се на се, тој ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Левандовски на 23 средби оваа сезона постигна 25 голови во Бундеслигата.