Играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, заработи повреда за време на еден од тренинзите и му се придружи на Костас Манолас во листата на повредени фудбалери.

„La Gazzetta dello Sport“ пишува дека Шпанецот добил удар во пределот на бутниот мускул, а неговото отсуство ќе биде познато по извршените прегледи. Со сличен проблем пред 10.дена се соочи и неговиот соиграч Манолас.

Тимот на Наполи веќе подолг период започна со тренинзи кои во моментот се одвиваат во помали групи, како дел препорака од Владата на Италија за социјална дистанца.