Манчестер Сити  наредните две сезони ќе отсуствува од европските натпреварувања, откако им беше изречена казна од страна на УЕФА.

Причина за ова се прекршувањата на правилата на УЕФА кои англичаните ги направиле во однос на  регулативите за лиценцирање и финансирање на фудбалерите.

Покрај ова „граѓаните“ се казнети и со парична казна од 30.милиони евра.

Од Манчестер Сити соопштија дека  се разочарани од ваквата одлука, но не и изненадени, а најавија дека ќе поднесат жалба.