Лацио се соочува со големи проблеми, откако  Сергеј Милинковиќ-Савиќ, доживеа нова повреда на коленото, а сериозноста на истата ќе биде позната денеска, по медицинските анализи.

„Tuttomercato“ тврди дека Србинот не можел да заврши еден од тренинзите поради проблем во коленото. Според инфорамциите од Апенините, Миленковиќ-Савиќ нема да биде во конкуренција за настап против Аталаната на 24.јуни во рамки на Серија А.

Ова е голем удар за Лацио кој во борбата за Скудетото останува без еден од своите најдобри фудбалери. Пред прекинот на сезоната Лацио се наоѓаше на втората позиција со еден бод заостанување зад лидерот Јувентус.