Борусија Дортмунд синоќа го загуби дербито од Баерн Минхен, а со тоа многу веројатно и титулата во Бундес лигата.

За пехот да е поголем, „милионерите“ останаа без Ерлинг Халанд кој во минималниот пораз од 0-1 синиќа, тој во 72. минута го напушти теренот.

Тренерот на Борусија, Лусијан Фавр потврди дека Халанд го повредил коленото, но смета дека нема долго да отсуствува од фудбалските терени.

„Халанд се здоби со повреда на коленото. Сè уште не знаеме точно што е проблемот, но мислам дека нема долго да отсуствува“-изјави Фавр.