Бес и огорченост завладеа кај навивачите на ПСЖ, откако во јавност излезе снимка од лудата забава што ја организираа неговите фудбалери, веднаш по болниот пораз од Борусија во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Икарди, кој в среда наполни 27 години, и Ди Марија и Кавани, кои претходно наполнија 32 и 33 години, закупија простор во кој забавата траела се до сабајле, а се потроши и огромна количина алкохол.

Најоткачени беа Нејмар и Кавани, кои се забавуваа голи до појас, додека единствено трезен остана Мбапе.