Според информацијата на L’Equipe, дефанзивецот Тиаго Силва ги игра последните месеци во дресот на ПСЖ и по крајот на сезоната ќе мора да си бара нов клуб.

Според овој, обично добро информиран, извор, раководството на ПСЖ нема намера да го продолжи договорот со Тиаго Силва и сака да се раздели со него за да го намали платниот фонд. Ова го потврди и агентот на Силва, кој рече дека клубот не му предлага нов договор.

Самиот Силва сака да остане во клубот во кој дојде во 2012 година од Милан, за 42 милиони евра.

Оваа сезона 35-годишниот Бразилец настапи на 19 средби од Лига 1.