Реал размислува за смена на тренерот Зинадин Зидан, на чие место треба да дојде Маурицио Почетино, поранешниот тренер на Тотенхем.

Ова го тврди The Independent, а причината е во кавгата на Зидан со играчите и со претседателот Флорентино Перез. Кризата наводно ескалирала по домашниот пораз на Реал од Манчестер Сити на првата осминафинална средба од Лигата на шампионите.

Главен кандидат за неговото место е Маурицио Почетино, со кого раководителите на Реал веќе стапија во контакт и од кого побараа информација за неговите планови за иднина.

Наводно, сегашната атмосфера во Реал се разликува од таа кога Зидан првпат го презеде клубот. Тој сега има многу поголем отпор од постарите фудбалери, но има и затегнати односи со Перез.