Шпанија повторно ги разочара своите фанови. „Фуријата“ одигра нерешено со Полска со 1:1 на стадионот „Ла Картуш“ во Севилја во 2. коло од групата Е.

Ова е второ реми  за тимот на Луис Енрике. Шпанија пропушти многу шанси и сè уште не знае за триумф на шампионатот на Стариот континент.

На „Фуријата“ и беа потребни 25 минути да поведе. Џерард Морено центрираше, а Алваро Мората се справи одлично и го совлада Војчех Шчесни.

Шпанија продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но Полјаците беа тие што го постигнаа голот. Стрелецот не би бил никој друг освен Роберт Левандовски. Напаѓачот на Баерн скокна многу добро и го постигна првиот гол на Европското првенство.

Најдобрата можност за домаќините ја пропушти Морено, кој во 58-та минута ја погоди стативата од белата точка. Тогаш топката се одби до ногата на Морати, но играчот на Јувентус лошо шутираше.

Жорди Алба и неговите пријатели имаа уште неколку шанси, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата и да го запишат првиот триумф во натпреварувањето.

На чело на табелата од групата Е е Шведска со четири бода, Словачка има три, Шпанија два, а Полска еден.

Во последното коло од групната фаза ќе се сретнат Шведска – Полска и Шпанија – Словачка. Двата натпревари се играат на 23 јуни.