Репрезентациите на Шпанија и Полска во овие моменти го играат својот натпревар во рамките на 2 коло од ЕУРО 2020 во групата Е.

Шпанците по првиот дел имаат водство од 1-0 со голот на Алваро Мората во 25.минута. Мората избегна една офсај замка на Пољаците и ја донесе Шпанија во водство.

Освен голот Шпанците речиси и да немаа некоја поголема шанса во првиот дел, освен онаа на Морено во 42.минута , додека Полска и покрај негативата имаше две одлични шанси за израмнување преку Свидевски кој ја погоди стативата и преку Левандовски кој не успеа да реализира од идеална позиција , и само го погоди Симон.