Шпанската фудбалска федерација отворила истрага по повод тврдењата на Атлетико дека Барселона им должи уште 80 милиони евра од трансферот на Антоан Гризман.

Клубот од Мадрид минатата недела објави соопштение во кое тврди дека не е се така, како што велат од Барселона и ја повика Федерацијата да процени кој е во право.

Минатото мето, Гризман потпиша нов петгодишен договор со Атлетико според кој откупната клаузула била 200 милиони евра. Таа цена на 1 јули 2019 години падна на 120 милиони, колку што Барселона им плати на „јорганџиите“, но од клубот тврдат дека Каталонците им должат уште 80 милиони.

Покрај двата клупа, адвокати ангажирал и Гризман кои тврдат дека тој е многу разочаран во потегот на поранешниот клуб и неговите челници.

„Се однесуваат лошо и зборуваат се поинаку од она што му го рекоа. Нека прават што мислат дека е потребно, ако треба и ние ќе реагираме. Гризман само сака да се посвети на новото поглавје во својата кариера.“ – истакнал Севан Карија, адвокатот на фудбалерот.