Иднината на Златан Ибрахимовиќ во Милан може да зависи од позицијата на Паоло Малдини како технички директор во „росоњерите“.

Легендарниот фудбалер и технички директор на Милан е во проблеми, откако Ралф Рангник бара целосна власт околу трансферите, доколку седне на тренерска позиција, што автоматски значи отказ за Малдини.

„Тутуспорт“ тврди дека поранешниот интернационалец на Шведска, кој се врати во клубот во јануари, нема да го продолжи договорот со Милан доколку Малдини си замине од „Сан Сиро“.

Договорот на Златан истекува во јуни, но Швеѓанецот има опција да остане уште една сезона и би можел да одлучи да го стори тоа и покрај турбуленциите во Милано и отказот на Звонимир Бобан пред два месеци.