Шпанскиот второлигаш Понфрерадина има големи амбиции во настапувачката сезона во Секунда.

Една кинеска компанија стана спонзор на клубот, а со тоа Шпанците ќе инкасираат 250.000 евра. Договорот е направен така што во него е вклучен и трансфер на фудбалерот Гао Леилеј кој во јули наполни 39 години.

Леилеј од 1998 е активен во професионалниот фудбал, најдлабок белег остави во Пекинг Гуана каде играше осум години.

Интересно е дека овој офанзивен играч за врска во 2011 година објави крај на кариерата поради честите повреди. Сепак на теренот се врати по шест години пауза во дресот на шпанскиот нисколигаш Корнелие.