Шпанскиот политичар Хуан Карлос Гираута го повика Реал да се откаже од утрешниот натпревар со Барселона.

„Сепаратистите планираат да го искористат овој натпревар за своите цели. “Ел Класико им треба за да ја пратат својата порака во светот. Тоа не е шала. Тие се опасни и ќе се обидат преку преносот да ја шират својата пропаганда. Многумина од нас моравме да побегнеме од Каталонија. Затоа смирено го молам Реал утре да не излезе на терен“.

Гираута инаку е роден во Барселона, но мораше да ја напушти под притисок на каталонските националисти.