5.коло од Лигата на шампиони ни го носи големото дерби меѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Тренерот на 2кралевите“ Зинедин Зидан повлече неколку изненадувачки потези при изборот на стартниот тим за дуелот против французите.

Во стартната постава по подолго време се наоѓа Иско, кој изминатиот период поради повреда и лоша форма не беше во првите планови на Зидан. Шпанскиот репрезентативец ќе го заземе местото на Родриго.

Покрај Иско, за Реал Мадрид уште ќе истрчаат  Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Валверде, Иско, Бензема и Азар.

На спротивната страна, Нејмар се наоѓа на клупата за резерви, а нападот на „светците“ ќе го сочинуваат Ди Марија, Мбапе и Икарди.