Агентот на Марселино ги негираше тврдењата дека шпанскиот тренер ќе седне на тренерската позиција на Милан, иако ваквата опција тој не ја отфрла.

„Природно е дека Марселино сака да тренира голем европски клуб следната сезона. Милан, е тим со голема историја и е еден од најважните клубови во светот “- изјави агентот Евгенио Ботас за Sky Sport Italia.

„Мундо Депортиво“ утринава излезе со инфорамција дека Марселино од следната сезона ќе го замени Стефано Пиоли, откако наводно средба оствариле Шпанецот и директорот Паоло Малдини.