Шпанската фудсбалска федерација соопшти дека домашниот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија во следните три години. Според најавите натпреварувањето ќе биде одржано во нов фајнл-фор формат.

Натпреварите од шпанскиот суперкуп ќе се играат во зимскиот период за да може клубовите да се растеретат поради згуснатиот календар за време на сезоната.

Дополнителна причина за ваквиот потег е и фактот дека челниците на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија сакаат на жителите на оваа земја да им го доближат фудбалот. Тие се обидуваат на ваков начин да отидат чекор понапред и да се обидат да се кандидираат за организација на Светското првенство во 2030.