Ако Ла Лига не се доигра до крај, шпанските клубови ќе загубат неверојатни 678,4 милиони евра, тврди Mundo Deportivo.

Најпрво ќе се загубат 549 милиони евра од телевизиските права, а тука се и 88 милиони евра од годишни влезници и уште 41,4 милиони евра од обични влезници за Ла Лига и за Сегунда.

Ако сезоната продолжи без присуство на публика, тогаш загубата ќе биде 117 милиони евра за Ла Лига и 12,5 милиони евра за Сегунда.

Вчера е стопирано првенството, а Кралската Шпанска фудбалска федерација не е сигурна дали ќе продолжи и ќе има крај на сезоната..