Владата на Шпанија одлучи да попушти со мерките во оваа земја, а на фудбалерите им е дозволено веќе од понеделник (4.мај) да им се вратат на тренинзите, кои ќе бидат индивидуални.

Враќањето во нормала ќе се одвива во три фази, од кои првата се состои од основен тренинг за професионалните спортисти. Во втората фаза ќе се дозволат активности на отворено, но не за повеќе од 400.спортисти, додека третата фаза е враќање на „нов стандард“ кој сеуште не е до крај дефиниран како би изгледал.

Националните првенства се откажани веќе во Белгија, Холандија и Франција, а УЕФА даде рок до преостанатите лиги до 25.мај да се изјаснат дали ќе продолжат на доигрување на сезоната.