Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид имал можност летово да го ангажира Кристијано Роналдо, но тие се откажале поради страв од реакцијата на фановите.

Откако стана јасно дека Португалецот ќе го напушти Јувентус, неговиот менаџер Хорхе Мендеш, прво го понудил на Атлетико Мадрид.

Според Карусел Депортиво, Мендеш на Диего Симеоне му го понудил Роналдо, но челниците на клубот решиле да не го ангажираат бидејќи стравувале од реакцијата на фановите, бидејќи Португалецот, девет години мина во Реал Мадрид.