Маркос Алонсо од Челзи побарал трансфер, сакал да замине во Интер, пишуваат италијанските медиуми.

Газета Дело Спорт јавува дека еворпскиот првак за својот 30 годишен лев бек ќе бара меѓу 15 и 20 милиони евра, додека пак Интер би сакал да избегне плаќање пари сега.

Од Милано би сакале да го земат на позајмица една година и да го купат следното лето.

Останува да видиме дали оваа опција ќе биде прифатлива за Челзи, каде Алонсо и така минатата година немаше некоја голема минутажа.