Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума повторно остана на клупата на ПСЖ, како замена за Кејлор Навас. А тоа веќе предизвика шпекулации дека тој ќе премине во Јувентус.

Донарума беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство каде стана првак со Италија, но досега одигра само два меча за ПСЖ, откако како слободен играч пристигна во Франција од Милан.

Италијанецот повторно беше на клупата при победата на Монпеље со 2:0.

Поради тоа Јувентус веќе во јануари би можел да се обиде да го доведе во своите редови. Прашање е само дали ќе биде позајмица или целосен трансфер.

Овој трансфер сигурно би го прифатиле и фановите на ПСЖ, бидејќи не е за верување дека би сакале да гледаат играч со богат договор да седи на клупата.