Последниот тренинг на минхенски Баерн пред  вечерашниот реванш осминафинален натпревар против Челси бил прекинат поради шпионски скандал.

Тренингот на кој биле разработувани последните нијанси пред средбата со Челси на Алијанц арена бил прекинат откако над тренинг базата на Баерн бил забележан дрон.

Инцидентот, како што јавија германските медиуми, се случил во петокот околу 12;15 часот по локално време, по што тренингот привремено бил запрен и била повикана полицијата.

Истрагата утврдила дека зад инцидентот стоел брачен пар кои на полицијата и рекле само сакале да му покажат на своеот дете како изгледа тренинг базата на Баерн Минхен.

Од полицијата ги известиле луѓето на Баерн дека целиот снимен материјал е избришан.

„Баварците“ вечерва на домашен терен го пречекуваат лондонски Челси со предност од 3-0 од првиот натпревар.