Загубивме од Полска, останавме без реални шанси за ЕП преку стандардните квалификации но добивме простор и две средби за она што не очекува во полуфиналето од Лигата на нации.

Ангеловски за пресметките со Австрија и со Израел следниот месец ќе има простор да им даде шанса на неколкумина кои досега ја најчесто беа на клупата за резерви без посериозна минутажа во досегашниот евроквалификациски циклус.

Несторовски, Николов и Муслиу се суспендирани и нема да патуваат за Виена а тука се отвора можноста за играчи од рангот на Дориев, Стојановски, Зајков.

За овој меч треба да се врати и Барди, се надеваме дека повредите на Адеми и на Тричковски не се сериозни, па Македонија ќе има доволно сила за да се обиде да освои барем бод на гостувањето во Австрија.

По осум кола, нашата најсилна фудбалска репрезентација освои 11 бода, има три победи, две нерешени и три порази.

Реално е да се брка третото место, тоа го најави и Несторовски а тоа ќе биде сериозен успех и покрај тоа што оваа позиција на табелата не носи пласман на ЕУРО 2020.