Жозе Мурињо е нов менаџер на Тотенхе, Португалецот треба да ја спасува очајната сезона на клубот од Лондон кој во моментов е на 14. место на табелата во Премиерлигата.

Португалецот е  задовол од ростерот со кој располага неговиот нов клуб, вели дека Тотенхем има екипа и потенцијал за добри резултати.

„Среќен сум што ќе бидам тренер на клуб со долга традиција и неверојатни навивачи. Го прифатив предизвикот поради ростерот на тимот и потенцијалот на младите играчи. Екипата има одлични играчи и тоа ме убеди да го прифатам овој предизвик“ – изјави Мурињо.

За Мурињо ова ќе биде трет клуб во Англија по Челзи и Јунајтед во кој ќе работи.