Капитенот на храватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ ја најави својата автобиографска книга „Моја игра“.

Модриќ е избран за најдобар фудбалер на светот во 2018 година, но ќе остане запаметен и по сведочењето во постапката против Здравко Мамиќ за корупција во фудбалот.

„Имам големо задоволство да го најавам скорото излегување на мојата книга. Среќен сум што мојата животна приказна ќе ја поделам со сите вас, па се надевам дека ќе уживате во „Мојата игра“.“ – напиша Модриќ на Твитер.

Засега не е познато дали Хрватот го книгата ќе говори само за спортските работи или ќе напише збор два и за судењата за корупцијата во Хрватска, како и за затајувањето на данок во Шпанија.