Победата на Милан против Атлетико во Мадрид  го остави во игра тимот од Милано за пласман во осминафиналето во ЛШ.

Ливерпул е веќе пласиран со 15 бода од групата, втор е Порто со 5 бода, Милан и Атлетико имаат по четири, овие три екипи се борат за втората позиција.

Во последното коло Милан мора да го победи Ливерпул на „Сан Сиро“, а Порто и Атлетико да одиграат нерешено.

Втората комбинација е во случај на победа на Милан против Ливерпул, и триумф на Атлетико против Порто, тогаш екипите од Италија и Шпанија ќе имаат ист број на бодови, по 7, ќе решава гол разликата бидејќи во Милано Атлетико победи 2-1, а Милан во Шпанија со 1-0.

Гол разликата во моментот е во корист на Милан кој е на минус 2, додека Атлетико е на минус 3. Доколку имаат иста гол разлика ( -2, -3…), ќе решава вкупниот број на постигнати голови во групата, а доколку и во овој сегмент бидат нерешено, тогаш поефикасниот тим на гости оди во осминафиналето.