Кога половина Европа се обидува да го искористи импулсот кој се појави по најавата за рестарт на Бундес лигата во Германија, во Италија фудбалските прволигаши се подготвуваат за шрајк.

Причина е промената на медицинскиот протокол. Сеуште нема договор меѓу Серија А, владата на италија и поголемиот дел од клубовите за тоа како ќе се реализира протоколот за заштита на играчите.

Најголем проблем представува измената според која доколку еден играч биде позитивен на Ковид-19 тоа ќе значи нов прекин на првенството.

Повеќе клубови се здружиле за штрајк меѓу кои се Интер, Милан, Рома, Фиорентина…Асоцијацијата на фудбалери и тренери во Италија исто така е против измените на протоколот.