Претседателот Давор Шукер , селекторот Златко Далиќ, портпаролот Томислав Пачак и раководотиелот на одделот за меѓународна соработка Иванчица Судац во Хрватската фудбалска федерација  одат во самоизолација по препорака на Институтот за здравје во оваа земја.

Шукер и Далиќ беа на состанокот на УЕФА на почетокот од март кога беше извршена ждрепката за Лигата на нации во рамки на Конгресот на кој беше и Славиша Кокеза, претседател на фудбалската федерација на Србија кој е позитивен на Ковид-19.

Кокеза е веќе во клиниката за Инфентивни болести во Белград, Шукер и Далиќ превентивно се во самоизолација.