Легендарниот германски фудбалер Бастијан Шванштајгер го одигра послениот меч од МЛС сезоната на кој Чикаго ремизираше со Торонто. Ова за Шванштајгер можеби беше последниот натпревар во неговата богата кариера, иако тој вели дека за тоа ќе одлучи наредниот период.

„Сеуште не знам. Треба да зборувам со најблиските по што ќе ја донесам конечната одлука, а тоа ќе се случи наредните седмици“- изјави Германецот.

Шванштајгер скоро целата своја кариера играше за Баерн Минхен од каде замина во Манчестер Јунајтед. Со селекцијата на Германија во 2014 стана светски шампион.