Раководство на Баерн Минхен по серијата разочарувачки резултати го отпушти тренерот Нико Ковач, а сега се во потрага по негова замена. Во медиумите се споменуваат голем број на еминентни имиња, а меѓу нив и е Жозе Мурињо, кој е без ангажман речиси две години.

Легендата на „Баварците“ и Германија, Бастијан Швајнштајгер смета дека Мурињо би бил одлична алтернатива за Нико Ковач.

„Можам да го замислам Мурињо во Германија се сеќавам дека секогаш ме прашуваше за Баерн и Бундес лигата. Навистина го познаваше секој играч, дури и оние од помалите тимови, учеше и германски. Верувам дека ако му се понуди би го прифатил предизвикот“,-изјави Швајнштајгер во разговорот за Германски „Билд“.