Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ го доби признанието од шведската фудбалска Федерација за играч на годината

39- годишниот Ибрахимовиќ, кој сезонава досега во дресот на Милан постигна десет голови на шест натпревари, е прогласен за најдобар шведски фудбалер по рекорден 12 пат, и прв пат по 2016 година.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски е прогласен за најдобар играч во средниот ред.