Шведска судиска екипа е делегирана за мечот меѓу Естонија и Македнија во Талин во Лигата на нации, главен е Мохамед Ал Хаким, натпреварот се игра вечерва од 18 часот на стадионот „А. Ле Кок“.

На Хаким ќе му помагаат Фредрик Клувер и Микаел Калин. Инаку Мохамед Ал Хаким има 35 години, за прв пат ќе им суди на двете селекции, но им судел на Работнички и Шкендија.

Пред пет години беше главен судија на  дуелот меѓу Флора Талин и Работнички, победи естонскиот тим со 1-0, оваа година и судеше на Шкендија во Романија, тимот од Тетово го победи Ботошани со 1-0.