Мухарем Бајрами доби отказ од позицијата шеф на стручниот штаб на Шкупи, што е своевидно изненадување со оглед на резултатите кои ги постигна младиот тренер на почетокот од оваа сезона во ПМФЛ.

Навивачката групна на Шкупи, популарните „Шверцери“ со соопштение до јавноста порача дека не ја прифаќа оваа одлука.

„За време на натпреварот со Струга добивме информација дека управата решила да го разреши Мухамед Бајрами. Управата планира реформи во клубот, а брка луѓе кои даваат и дале се за Шкупи. Ние сме за реформи, ние сме за промени, ние сакаме Шкупи да е шампион. Ама имате ли причини зошто Муки доби отказ? Или мислите дека ќе донесете турски тренер и ќе станете шампиони? Дали мислите дека може да си играте со Шкупи? Овој клуб има традиција, историја и култура. Шкупи е на граѓаните на Скопје. Шкупи е на „Шверцерите“. Немате право да си играте со клубот како да е нечија приватна сопственост. Бараме да бидете внимателни со потезите кои ги правите. Шкупи е од Скопје, не е од Истанбул. Немојте да не терате да влеземе на стадион. Нема играње играчки со Шкупи! Истовремено, сакаме да информираме дека не знаеме за подобар тренер од Бајрами. Друг, нема да го прифатиме“ – стои во објавата на „Шверцери“.