Фудбалерите на Силекс со голот на Каракамишев славеа на гостувањето кај Струга ТЛ во полуфиналето од Купот на Македонија.

Со ова клубот од Кратово по пауза од 24 години повторно ќе игра во финалето од Купот, ова за нив ќе биде четврто финале во најмасовното клупско фудбалско натпреварување во Македонија.

Силекс во Купот на Македонија славеше во 19945 година и во 1997 година а беше поразен во финалето во 1995 година.

Ова е прославата од соблекувалната по денешната победа во Струга.