Холандскиот репрезентативен голман Јеспер Силесен, ќе застане на голот на шпанска Валенсија, соопштија од актуелниот шампион на Шпанија Барселона, кои во исто време потврдија дека е постигнат договор со Валенсија за ангажман на овој голман.

Силесен имаше желба да оди во клуб каде што ќе брани, со оглед дека во каталонскиот гигант неприкосновен е Марк-Андре Тер Штеген.

Сегашниот голман на Валенсија, Нето, пак, ќе дојде во Барселона откако тренерот на Валенсија Марселињо се откажа од неговите услуги на крајот од сезоната.