Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва решил да остане во ПСЖ до крајот на оваа сезона, односнот до крајот на настапот на ПСЖ во остатокот од сезоната во Лигата на шампионите.

Силва посакува да го освои трофејот во ЛШ а потоа да се врати во Италија, во екипата на Милан, пренесуваат медиумите од Франција.

Силва најави дека е време за промена и дека ПСЖ ќе успее да најде негова замена, трансферот во Милан се очекува да биде реализиран во септември.