Микел Силвестре објасни што се случило во соблекувалната на Манчестер Јунајтед во 2003 година по поразот од Арсенал во ФА Купот.

Легендарната расправија меѓу Дејвид Бекам и Сер Алекс Фергусон според поранешниот дефанзивец на „Ѓаволите“ колуминирала поради лоша среќа.

„Сите беа шокирани, но тие работи се случуваат во соблекувалната. Тоа беше случаен удар, шефот беше збеснат, ја шутна копачката а таа заврши во лицето на Бекам. Тој беше многу лут па мораше повеќемина да се вклучат за да спречат физичка пресметка. Мислам дека тоа значеше крај на нивното пријателство и тоа е една ог главните причини поради која Бекам беше продаден во Реал Мадрид тоа лето. “ – изјави Силвестре.

Поранешниот репрезентативец на Франција посочи дека Фергусон бил брилијантен тактичар и дека многу лесно го надминал проблемот со Бекам.