Атлетико Мадрид вечерва го пречекува шампионот Баерн Минхен, важен натпревар со „јорганџиите“ кои немаат право на неуспех на оваа средба.

Трите бода се императив, победа ќе ги зацврсти на втората позиција, засега Атлетико има само 5 бода, и потребен е добар резултат против актуелниот првак во ЛШ.

„Мораме да одиграме најдобро што знаеме против Баерн Минхен.Нашата цел е три боида, не сакаме да мислиме на другите резултати…Баерн е тим кој игра во добра форма, но ние имаме наша цел, таа е јасна и сме многу мотивирани за победа“ – изјави Симеоне.

Средбата меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен се игра вечерва од 21 часот, покрај овој дуел се игра и средбата Локомотив Москва – Салцбург од 19 часот.