Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е најплатениот тренер во Европа, пишува Marca повикувајќи се на L’Équipe.

49-годишниот Аргентинец има плата поголема од Гвардиола и Мурињо заедно. Тренерот на Барселона, Кике Сетјен, пак, е на самото дно.

 

Топ-6 тренери во Европа:

1. Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) – 3,6 млн евра месечно

2. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 1,94

3. Жозе Мурињо (Тотенхем) – 1,46

4. Јирген Клоп (Ливерпул) – 1,46

5. Зинадин Зидан (Реал) – 1,4

6. Антонио Конте (Интер) – 1,38

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетјен, има плата од 500 000 евра месечно.